Женскиот ракомет руши граници – повторен рекорд стар три години!

Завршниот турнир во женската Лига на шампионите повторно испиша историја. Финалето меѓу Мец и Ѓер во Будимпешта го израмни рекордот за посетеност на женски клупски ракометен натпревар.

Во арената во Будимпешта беа регистрирани 20.022 гледачи, што е максималниот капацитет на салата и идентична бројка со рекордот поставен на Ф4 турнирот во 2023 година.

Пред преполните трибини, францускиот шампион Мец за првпат во својата историја го освои трофејот во Лигата на шампионите, ставајќи крај на долгогодишниот сон за европска круна.

Завршницата на најквалитетното европско клупско натпреварување предизвика огромен интерес и надвор од арената. Натпреварите беа пренесувани од 32 телевизиски компании во 60 земји ширум светот, додека повеќе од 1,2 милиони гледачи ги следеа мечевите во живо во Франција, Унгарија и Романија, земјите чии клубови беа дел од Ф4 турнирот.

Овие бројки уште еднаш потврдуваат дека женскиот ракомет продолжува да бележи раст на популарноста и интересот кај навивачите ширум Европа.