Тимот на Бурган славеше против Кувајт Спорт Клуб со 30-24, во натпреварот од петтиот натпреварувачки ден на Азиското клупско првенство.
Предводен од Косуке Јасухира со шест гола, Бурган немаше поголеми проблеми против Кувајт Спорт, за кој Филип Кузмановски даде два гола.
Во вториот натпревар од денешната програма, тимот на Ал Наџма предводен од бекот на Вардар, Урош Митровиќ, ја ремизираше со Ал Араби од Катар, 30-30.
Српскиот репрезентативец даде седум гола и беше нерешлива енигма за катарскиот состав.
На табелата по некомплетното коло, Ал Калиџ од Саудиска Арабија и Бурган од Кувајт се на делба на првото место со по седум бода, додека Ал Духаил од Катар, во чиј стручен штаб работи Петар Мисовски е на третото место со пет бода.
























