Maкедонскиот вицепрвак Чаир го промовираше шестото засилување за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Станува збор за египетската репрезентативка Роуан Ел Шарбини, која доаѓа од тимот на Ал Ахли и во Чаир ќе го има првото европско искуство.
Ел Шарбини беше дел од составот на Египет на натпреварите од „Трофеј Македонија“ минатата година и се покажа во одлично издание.
Претходно Чаир ги донесе бековите Михаела Кралева, Нора Махмуд и Стефани Ристиќ, десното крило Росана Павлова, како и пивотот Михаела Велјаноска.
Чаир ќе биде дел во новата сезона од ЕХФ Купот, а ќе игра и во регионалната лига во група со Ѓорче Петров, словенечката Ајдовшчина, српската Наиса Ниш и црногорската Левалеа.























