Три екипи во женска конкуренција ќе ја претставуваат Македонија на европска сцена во претстојната сезона.
Македонија имаше можност според рејтингот да пријави две екипи во Лигата на Европа и две во ЕХФ Европскиот Куп.
Шампионот Ѓорче Петров ќе игра во Лигата на Европа, додека Чаир не ја искористи приликата за тоа натпреварување и ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп.
Таму ќе игра третопласираниот тим на Вардар, додека Куманово не се пријави за ова натпреварување, ниту пак тимовите што следат по нив на табелата – Спартак, Астибо…
Покрај европските настапи, Ѓорче Петров и Чаир, ќе бидат дел и од регионалната лига, каде што се најдоа во иста група со екипите на Ајдовшчина, Наиса Ниш и Левалеа.























