Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе ќе паузира од ракометните терени најмалку шест-седум месеци.
Тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото на тренинг пред Куп наптреварот со Нанси, па тренерот Ерик Мате ќе мора да се снаоѓа без еден од главните ракометари во следниот период.
Монпелје веројатно нема да бара нов ракометар, а повеќе минутажа ќе добие Килијан Вијмино, кој се враќа по долгата пауза.
Некогашниот вардарец би требало да се врати на терените во клучниот дел од сезоната. Ова е последната година од актуелниот договор на Скубе со Монпелје, а дали ќе биде продолжен останува да видиме.