Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го засилува својот проект за развој на млади ракометари, но овојпат не станува збор за играчко засилување, туку за важно дополнување на стручниот штаб.
Битолскиот тим го потврди Филип Ивановски како нов член на тренерскиот тим на младите пелистерци. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе биде задолжен за работа со голманите во составот предводен од Бранислав Ангеловски.
Ивановски зад себе има богата играчка кариера. Настапуваше за Еурофарм Пелистер, Вардар Јуниор, Бутел Скопје и Охрид, а беше и дел од младинските селекции на Македонија.
По завршувањето на активната ракометна кариера, Ивановски неколку години работеше како директор на кошаркарскиот клуб Пелистер, но сега повторно му се враќа на својот матичен спорт и ќе го стави своето искуство во функција на развојот на младите голмани во битолскиот клуб.
Со овој потег, Еурофарм Пелистер 2 дополнително ја зајакнува стручната структура и продолжува да инвестира во создавање на нова генерација македонски ракометари.
Во клубот пристигнаа Марко Трајков, Александар Стојков, Божидар Илиески, Кристијан Симоноски…























