Меѓународната ракометна федерација ја одржа ждрепката за Светското клупско првенство – Супер Глоуб, кое ќе се игра од 24 септември до 1 октомври во Египет.
На 19. издание на престижното натпреварување ќе учествуваат 10 екипи, а новиот формат предвидува прво да се одиграат два квалификациски натпревари, по што победниците ќе се приклучат во групната фаза.
Квалификации:
Лос Анџелес (САД) – Замалек (Египет)
Сиднеј Уни (Австралија) – Веспрем (Унгарија)
Победниците ќе обезбедат место во групната фаза, додека поразените ќе разигруваат за 9 и 10 место.
група А: Барселона (Шпанија), Монтада (Мароко), Пинеирос (Бразил), Лос Анџелес/ Замалек
група Б: Фуксе Берлин (Германија), Ал Ахли (Египет), Бурган (Кувајт), Сиднеј Уни/Веспрем
Во група Б вниманието ќе биде насочено кон Фуксе Берлин, предводен од актуелниот најдобар светски ракометар Матијас Гидсел, како и кон домаќинот Ал Ахли, кој ќе се обиде повторно да стигне до медал.
Интересно е што Веспрем, шампионот од 2024 година и финалист од 2025 година, ќе мора прво да ја мине квалификациската пречка против австралискиот Сиднеј Уни за да обезбеди место во групната фаза.
Светското клупско првенство трета година по ред ќе се одржи во Египет, а најдобрите клубови од сите континенти повторно ќе се борат за престижната светска титула.

























