Селекторот на машката репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, со лоши вести ја започна 2025 година.
Гисласон ќе мора без двајца ракометари на Мундијалот, откако поради повреда отпаднаа кружниот напаѓач Јаник Колбахер и бекот Себастијан Хејман.
Колбахер ќе оди на операција на лакотот, додека Хејман има повреда на стапалото од средината на декември, која се влоши во следниот период.
Гисласон веднаш реагираше и ги повика пивотот на Магдебург, Тим Зехел и бекот на Хановер, Лука Штуцке.
Германците се во европска група на СП и ќе се соочат со Швајцарија, Полска и Чешка.