Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет прослави убедлива победа на гостувањето во Штип кај Астибо со 38-21 во натпревар од групата 3 во Купот на Македонија.
Предводен од кадетската репрезентативка Анастасија Сентовска која постигна 17 погодоци, тимот од Свети Николе немаше никакви проблеми да стигне до триумф.
Избраничките на Илија Бетувски уште од стартот на мечот поведоа со 4-1, па 11-4, а до паузата беше 20-9. Второто полувреме беше само формалност, во која гостинките умешно ја задржаа и ја зголемија предноста за конечен триумф.
Покрај Сентовска, во тимот на Овче Поле СУ седум гола додаде уште Јована Конева, додека кај Астибо, Рената Милева имаше осум реализации.
Овче Поле СУ во битката за место на завршниот турнир во Купот на Македонија ќе гостува во Чаир на дуел со истоимената екипа.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда
24/3, Куманово – Скопје/Металург Автокоманда
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
24/3, 15:00, Чаир – Овче Поле СУ
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
24/3, Вардар – Деспина
група 4
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, Пелистер – Спартак/Ѓорче Петров