Стружанка не беше закана, Куманово ќе се бори за Ф4 во Купот

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Куманово, по триумфот над Стружанка со 37:29 (21:18) обезбеди финале во првата група.

Избраничките на Славиша Димитријески за пласман на Ф4 турнирот ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу Скопје и Металург Автокоманда.

Куманово од првата, па до последната минута беше во предност, гостинките од Струга само еднаш израмнија, при крајот од првиот дел фатија ритам, но потоа повторно паднаа.

Одлична партија во победничката екипа имаше Јана Ѓошевска со девет погодоци, осум додаде Сара Цветановска, по шест постигнаа Сузана Зечевиќ и Јана Алексовска.

Кај Стружанка прво име беше Елена Балоска со шест погодоци, а ја следеше Теодора Маркоска со четири реализации.

Куп на Македонија, жени, осминафинале:

група 1
Куманово – Стружанка 37:29
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда
24/3, Куманово – Скопје/Металург Автокоманда

група 2
Чаир слоб.
23/3, 12:00, Астибо – Овче Поле СУ
24/3, 15:00, Чаир – Астибо/Овче Поле СУ

група 3 
Гевгелија – Вардар 17:34
23/3, 12:00, Шампион – Деспина
24/3, Вардар – Шампион/Деспина

група 4 
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, ?