Охрид ја стартува одбраната на трофејот во ЕХФ Купот против турски ривал

Денеска во Виена се одржа ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција.

Бранителот на трофејот во ова натпреварување, екипата на Охрид, го дозна ривалот – ќе игра против тимот на Спор Тото од Турција.

Првиот натпревар е на програмата на 17/18 октомври во Охрид, додека реваншот ќе се одигра на 24/25 октомври во Турција.

Спор Тото стартуваше од првото коло во ЕХФ Купот и со две победи на домашен терен ја елиминираше босанската екипа Вогошча.