📷 РФМ реши кадетскиот Ф4 пак да биде во Автокоманда – ќе организирале по европски терк!

Три екипи се пријавиле за домаќин на кадетскиот Ф4, а од РФМ добиле одговор дека Автокоманда ја добија организацијата поради три дополнителни ставки. Дојдовме до сите пријави што биле испратени до РФМ, па самите одлучете кој понудил подбри услови.

Кој ќе биде првак во кадетска конкуренција втора година по ред ќе се решава во Автокоманда. Лани исто така таму се играше завршниот турнир, а годинава три од четирите финалисти понудија услови тие да го организираат завршниот турнир.

Се надеваа дека турнирот овојпат нема да биде во Скопје, бидејќи логично е да има различни домачини, но Натпреварувачката комисија на РФМ сепак донесе одлука кадетите да играат во Автокоманда.

На ждрепката кој се одржа во просториите на РФМ, некои од клубовите што аплицирале побарале јавно да бидат отворени понудите и да се види кој има најдобра понуда. Но, добиле одговор дека дека тоа не е можно, и само Натпреварувачката комисија може да го направи, и да реши која понуда е најдобра. Од пет члена на Комисијата на ждрепката бил само еден член на Комисијата.

Набрзо потоа Натпреварувалката комисија на РФМ ги известила клубовите дека понудата од Автокоманда е прифатена како најдобра.

Во писменото известување до клубовите се вели дека понудата е прифатена поради следните дополнителни ставки:

– Обезбедуваат награди за сите учесници на Ф4
– Огранизираат по европски терк амбулантно возило со медицински тим)
– Плаќање на сите службени лица

Но, некои од клубовите сметаат дека одлуката не е фер, бидејќи сите екипи понудиле речиси исти работи, а и лани истиот турнир се одржа во Автокоманда.

Редакцијата на 24Ракомет ги доби сите понуди од екипите, кои ви ги презентираме, па самите можете да видите која екипа што понудила, и дали одлуката на Натпреварувачката комисија треба да се базира само на понудите, или треба да се разгледува и спортскиот аспект и давање на можност ваквите турнири да се одржуваат и во помали места, а со цел поголема популаризација на ракомет. Можеби во иднина ваквите работи ќе бидат потранспарентни.

Во прилог се сите три понуди доставени до РФМ.

Понудата од Битола
Понудата од Автокоманда
Понудата од Струга