Договорот меѓу Ракометната федерација на Македонија и селекторот на дамите Кристијан Грчевски е активен до 30 април.
Со оглед на одлично завршената работа и пласманот на сениорските на престојното Европско првенство соработката треба да биде продолжена.
„До 31 април завршува мојот договор, беше само за квалификацискиот циклус на мое барање, за да видиме дали ќе биде успешно или не, па понатаму да разговараме за нашата иднина… Оставивме малку простор за одмор со РФМ, да спласне еуфоријата по пласманот на ЕП. Се надевам дека ќе се договориме. Направивме нешто добро, позитивно и не би било логично да се разделиме сега. Ситници се во прашање и секако она дали да барам клуб или ќе останам само селектор и ќе се посветам на тоа. Голем предизвик е ЕП за мене, а и престои голем подготвителен период и ќе биде тешко истовремено да сум и тренер на екипа. Искрено сакам да се посветам само на селекторската функција и да сум само со репрезентацијата, да имам контрола над девојките. Особено оние кои се во Македонија да ги следам, но и оние што ќе играат надвор. Би сакал барем една година да бидам само селектор“, објаснува Грчевски.
Интервјуто на селекторот со 24Ракомет кое носи уште интересни теми прочитајте го подолу…
ИНТЕРВЈУ КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ: Дамите ми се предизвик, сакам да им се посветам!