Последните 20 минути од мечот во Монпелје, ракометарите на Вардар го играа без Педро Да Силва кој мораше да замине во болница на преглед.
Во 41 минута домашните имаа водство 21-13, а Да Силва доби непријатен удар директно во стомакот со колено од страна на Монте. Да Силва мораше на клупата, бидејќи на раце на соиграчите беше изнесен на клупата.
Вардар во Франција отпатува без Јака Малус и Без Дмитро Горига, а црвен картон на средбата доби Тузолана. На полувреме Вардар имаше негатива од 10-12.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
























