Тежок удар за Вардар во Франција, реваншот во Скопје ќе биде „невозможна мисија“

По 70 дена Вардар доживеа пораз, откако се враќа со негатива од 23-33 гола од гостувањето кај Монпелје во првиот четвртфинален меч од Лига Европа. Реваншот се игра на 5 мај во Скопје, а победникот од двомечот ќе игра на Ф4 турнирот во Хамбург на крајот на мај.

Претходно „црвено-црните“ беа поразени на 17 февруари на гостувањето во Португалија кај Бенфика, со 35-40. Оттогаш имаше серија од десет меча во кои победуваше, во домашното првенство, Купот и Лига Европа.

Покрај тоа што Вардар допатува во Франција без Малус и Горига, во 33. минута остана и без крилото Тузоалан. Тој доби директен црвен картон, откако неговата рака ненамерно заврши во вратот на противнички играч, и Монпелје од пенал преку Вилемино зголеми на 15-10 што беше највисоко водство дотогаш на средбата.

Откако домашните зголемија на 17-10 во 36 минута, тренерот Иван Чупиќ мораше да бара тајмаут, по што Да Силва постигна го, прв во второто полувреме, намалувајќи на 17-11. Играњето „7 на 6“ не беше добра, а тоа домашните го искористија па брзо зголемија на 19-11 во 38 минута.

Во 41 минута домашните имаа водство 21-13, а Да Силва доби непријатен удар директно во стомакот од страна на Монте. Да Силва мораше на клупата, бидејќи на раце на соиграчите беше изнесен на клупата. Вардар двапати преку Митровиќ постигна 2 гола со кои намали на 20-15, па сега Французите бараа тајмаут.


____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

 

И пак серија на Монпелје со која зголеми на 23-15 во 45 минута. Секоја грешка на Вардар беше казнувана, па во 46 минута домашните имаа предност од „плус 9“ за водство 24-15.

Веќе немаше големи шанси, па Вардар се обидуваше да ја намали разликата колку може, за да н ебиде двоцифрена.

Вардар во Франција отпатува без Јака Малус и Без Дмитро Горига, што многумина го протолкуваа како голем хендикеп. Францускиот тим играше безде сното крило Давид Балагер, левото крило Лукас Пелас и десниот бек Џек Турин.

Мечот имаше две различни полувремиња. Монпелје првиот гол го постигна во 2 минута, а Вардар дури 6 минута кога израмни на 1-1. Во средината на првото полувреме домаќините поведоа со 5-3. Франциско да Силва доби исклучување, а потоа под пасивна игра и Митровиќ не успеа да погоди. Затоа пак домашните знаеја тој период да го искористат и да постигнат два гола со кои поведоа со 7-3.

Амармот се вклучи, и Иван Чупиќ веднаш побара тајмаут бидејќи серијата од 4-0 значеше дека нешто мора да се менува. Проблемот беше нападот кој тешко ја пробиваше домашната одбрана.

Марчинијак намали на 7-4, а потоа Вардар освои една топка што Да Силва ја преточи во гол за намалување на 7-5, во 19 минута од средбата. Валах одбрани топка, но таа се одби до играчите на Монпелје. Вардарци погодија статива, а Монпелје го промаши празниот гол на македонскиот тим.

По неколку не реализирани напади на двете страни домашниот тренер побара минута одмор, кој донесе нов за Монпелје, и водство 8-5. Се обиде Вардар да игра „7 на 6“ а таквата ризична игра и грешките во напад домашните ги казнија со гол, со кој Монпелје пак водеше со „плус 4“ за 9-5 во 23 минута.

Вардар не се предаде, и брзо со два гола намали на 9-7, а потоа и на 10-8. Во последната минута Боно намали на 10-12, откако реализираше Боно, а потоа Валах одбрани оставајќи надеж дека „црвено-црните“ имаат активен резултат. Но, второто полувреме се „падна во вода“, па вардарци дома се вратија со висок пораз.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________