Нексе приреди големо изненадување на домашен терен совладувајќи го германскиот гигант Кил со 33-30 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа.
Тимот од Нашице одигра извонреден натпревар и максимално ја искористи поддршката од домашната публика и создаде солидна предност пред реваншот кој ќе се игра на 5 мај во Германија.
Херој на натпреварот беше Тин Лучин, кој блескаше со девет погодоци, а голема поддршка доби од Александар Бакиќ и Иван Барбиќ со по четири гола, додека голманот Марцел Јасжебски запиша 11 одбрани.
Кај Кил, најефикасни беа Харалд Рајнкинд и Расмус Анкерман со по пет голови, додека Верон Начиновиќ имаше четири гола.
Мелсунген на Роберто Парондо оствари солидна залиха пред реваншот со португалскиот Порто, откако славеше со 28-23, па има реални шанси за пласман на завршниот турнир во Хамбург.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.

























