Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои среброто на Светското првенството во училишен ракомет.
Избраничките на Даниела Новеска беа поразени во финалето со 28-26 од репрезентацијата на Хрватска, а селекторката го сублимираше настапот на ова натпреварување.
„Ова за нас е драгоцено искуство, нешто што ни беше потребно можеби уште порано, пред да почнеме да настапуваме на Европски првенства. Имаме пет победи по ред, но во финалето едноставно не издржавме. Неискуството и адреналинот си го направија своето иако имвме камбек, сепак направивме грешки, кои во иднина можат да се поправат. Овие девојки навистина имаат потенцијал, проблем е што лигата е премногу слаба, имаме мал број на натпревари. Сите го дадоа максимумот и играа над своите можности. Мора да го продолжиме континуитетот со настапи на вакви натпреварувања, бидејќи тие ќе не донесат и издигнат на ниво на кое посакуваме. Голем успех, иако посакувавме злато, и сребрениот медал е заслужен, со големо срце влеговме на овој натпревар“, изјави Новеска.
Следен предизвик за оваа генерација на ракометарки ќе биде настапот на ЕХФ шампионатот догодина.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























