ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: ПИК Сегед ќе го предизвика европскиот првак, Алборг на жежок терен

Денеска стартуваат четвртфиналните средби во Лигата на шампионите, а ќе има интересни натпревари во Португалија и Унгарија.

Во Лисабон кај незгодниот Спортинг гостува данскиот шампион Алборг, кој оваа сезона игра топло-ладно, но и покрај тоа дотурка до ТОП 8.

Во Сегед гостува европскиот првак, а унгарскиот вицепрвак кој ниту еднаш во историјата нема пласман на Ф4, ќе се обиде тоа да го направи преку Магдебург, кој сигурно нема така лесно да се откаже од одбрана на тронот.

Се игра и последниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа – германскиот двобој меѓу Фленсбург и Хановер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

18:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ПИК СЕГЕД – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ФЛЕНСБУРГ – ХАНОВЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)