Прилеп задржа и трет странец – Квастек останува до 2027 година

По Денис Шабановиќ и Владан Кастратовиќ, раководството на Прилеп договори уште еден странец да остане во тимот.

Кружниот напаѓач Томислав Квастек, кој ја одработува втората сезона во македонскиот суперлигаш, потпиша нов договор.

Тој ја продолжи соработката за уште две сезони и ќе остане во Прилеп најмалку до 2027 година, исто како Шабановиќ и Кастратовиќ.

Прилепчани оваа сезона се дел од плеј-аутот, но во новата сезона ќе влезат со амбиции за место во плеј-офот.