Прилеп доби искусен голман – Благојче Трајкоски ќе го брани голот!

Тимот на Прилеп го официјализираше потписот на прилепчанецот Благојче Трајкоски за наредната сезона. Трансферот што го најави 24Ракомет, денеска доби своја официјализација.

Трајкоски има 39 години, многу настапи на домашно и меѓународно ниво, а беше дел и од македонската репрезентација на СП 2017 во Франција. Сега се наоѓа на чекор до камбек во неговиот роден град.

Тој потекнува од Прилеп, бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер.

Од 2022 година бранеше во Автокоманда, а во штотуку завршената сезона имаше одлично остварување на голот на Бутел Скопје.

Минатата сезона голот на Прилеп го бранеа Иван Ангелески, Стефан Христоски и Илчо Ивчески.