Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Црвена Звезда. Овој трансфер го официјализираше српскиот првак.
Актуелниот шампион на Србија веќе започна со формирање на тимот за следната сезона, а една од првите засилувања е токму 26-годишната Македонка. Белградскиот клуб има високи амбиции – одбрана на титулата во домашното првенство и пласман во групната фаза на Лигата на Европа.
За Мицевска ова ќе значи враќање на ракометните терени по една сезона пауза. Македонската голманка оваа пролет стана мајка, а сега е подготвена за ново поглавје во кариерата и нов предизвик во дресот на српскиот тим.
Taa во досегашната кариера настапуваше за Вардар, француската Ница и романската Слатина, каде што го имаше својот последен интернационален ангажман.
Мицевска е добро познато име и во националниот тим. Таа е стандарден член на македонската репрезентација и настапи на ЕП 2022 и ЕП 2024.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























