Прилеп не мирува – доаѓа лев бек од Пролет!

По голманот Благојче Трајкоски, амбициозниот Прилеп би можел наскоро да го добие и второто засилување за наредната сезона, дознава 24Ракомет.

Левиот бек Андреј Стојановски, кој има 22 години и досега играше за Пролет е првата желба на прилепчани, преговорите се во тек и би требало да завршат успешно.

Еден од најдобрите ракометари на Пролет и поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија долго време го носи дресот на овој клуб, но летово би можел да ја смени клупската средина. Прилеп на левата бековска позиција го има Никола Цветаноски.

Раководството на прилепчани претходно заврши голема работа откако ја продолжи соработката со тренерот Наум Танески и со најдобриот стрелец во македонската Супер лига, Димитар Димитриоски, кој беше номиниран и за Ол Стар тимот на сезоната на 24Ракомет, а соработката беше продолжена и со Никола Шипинкоски.

Во клубот доаѓаат и пивотот Петар Маркоски и голманот Благојче Трајкоски, а активни договори имаат Томислав Квастек, Денис Шабановиќ, Владан Кастратовиќ…