Алиловиќ не мисли на крај – на 40 години потпиша нов договор со Висла Плоцк!

Искусниот хрватски голман Мирко Алиловиќ го продолжи договорот со полскиот вицепрвак Висла Плоцк и ќе продолжи да го брани голот на полскиот великан и во сезоната 2026/27.

40-годишниот Алиловиќ е член на Висла од 2023 година и во изминатите три сезони беше еден од најважните играчи на тимот. Со своето огромно искуство, смиреност и сигурност меѓу стативите, хрватскиот ветеран остави значаен печат во настапите на „нафтаџиите“ како на домашната, така и на европската сцена.

Во клубот нагласуваат дека неговото останување е важен дел од проектот за враќање на шампионската титула во Плоцк. Алиловиќ важи за еден од најискусните голмани во Европа, а неговото лидерство и способност да реагира во клучните моменти се сметаат за голема предност за тимот.

Присуството на хрватскиот чувар на мрежата носи дополнителна стабилност во одбраната на Висла, која и следната сезона ќе има високи амбиции во домашното првенство и европските натпреварувања.