Легендарниот босански ракометар Мирсад Терзиќ стави крај на својата богата играчка кариера, но нема да се раздели со Висла Плоцк. Од сезоната 2026/27, Терзиќ ќе биде дел од стручниот штаб на полскиот клуб како помошник тренер, откако потпиша двегодишен договор до 2028 година.
По шест сезони минати во Плоцк, 42-годишниот Босанец реши да ја замени спортската опрема со тренерска улога. Терзиќ важи за еден од најискусните дефанзивци во европскиот ракомет, со повеќе од две децении настапи на највисоко ниво и богата кариера во клубови како Загреб, Целје и Веспрем.
Во емотивната порака по повод пензионирањето, Терзиќ истакна дека ракометот бил многу повеќе од професија и дека Плоцк засекогаш ќе остане посебно место во неговото срце. Тој се заблагодари на клубот, соиграчите и навивачите за поддршката во изминатите години и нагласи дека е мотивиран да започне ново поглавје како тренер.
Во дресот на Висла Плоцк, Терзиќ освои две титули шампион на Полска, четири Купа на Полска, еден Супер куп и бронзен медал во Лигата на Европа, а беше дел и од историскиот пласман на клубот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
























