Ракометната федерација на Македонија го назначи Наум Бабачев за селектор на машката репрезентација во ракомет на плажа пред настапот на нашата селекција во Светската лига на ИХФ во полскиот град Плоцк.
Бабачев го објави списокот на кој се најдоа десетмина ракометари, од кои неколкумина веќе имаат искуство во настапи во ракомет на плажа.
Националниот тим заминува на 12 јуни за Плоцк, каде на 13 и 14 јуни ќе одигра четири меча, а се враќа во Македонија на 15 јуни. Ривали на Македонија ќе бидат Чешка, Германија и домаќинот Полска.
Список на Македонија:
1. Мартин Ивановски
2. Леонид Киселоски
3. Наум Костов
4. Христијан Крстаноски
5. Дејан Михајловиќ
6. Тодор Узунчев
7. Дамјан Субашевски
8. Дамјан Тутенкоски
9. Иван Младенов
10. Михаил Тотиќ
Собирот на репрезентативците е на 8 јуни од 13:00 часот.
Мажите последен пат репрезентативно играа на ЕП 2019 во Полска, додека дамите играа на тоа ЕП, но и на ЕП 2023 во Португалија.























