Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за полуфиналните парови на завршниот турнир во Лигата на Европа кај дамите.
Во првото полуфинале ќе се соочат германскиот Бломберг Липе и данскиот Икаст, кои ги елиминираа шпанската Бера Бера, односно романската Дунареа Браила.
Во вториот полуфинален двобој ќе играат германскиот Турингер и францускиот Дижон, кои беа подобри во четвртфиналето од романската Валчеа, односно германскиот Бенсхајм.
Полуфиналните натпревари се на програмата на 3 мај, додека финалето и мечот за третото место ќе се играат на 4 мај во „Рајфајзен Арена“ во австрискиот град Грац.