Денеска се игра последниот натпревар од 7 коло во суперлигашкиот плеј-оф, а актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Вардар, кој се подготвува да ги симне битолчани од тронот.
За тоа ќе има четири шанси до крајот на Супер лигата, а првата шанса е вечерва од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Победа, реми, па и пораз до два гола разлика на овој дуел (во меѓусебните дуели Вардар има две победи и гол-разлика од +3), ќе биде доволно за „црвено-црните“ да се вратат на македонскиот трон, за првпат по 2022 година.
Битолчани сигурно нема лесно да се предадат и ќе се обидат да ја одложат промоцијата на шампионот, а нив исто така им се потребни бодови во битката со Охрид за второто место на табелата.
На меѓународна сцена, денеска се игра последниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу европскиот првак Магдебург и унгарскиот ПИК Сегед.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:45 МАГДЕБУРГ – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

























