„Гладијаторите“ добија навивачка химна - ОХРИДСКА ТВРДИНА! - 24 РАКОМЕТ

„Гладијаторите“ добија навивачка химна – ОХРИДСКА ТВРДИНА!

Песната е дело на охридскиот музички селектор и домаќин на натпреварите на Охрид, Ванчо Јованоски и неговиот пријател Никола Јосифоски, а е инспирирана од успесите на „гладијаторите“. Премиерно беше „пуштена“ на реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп помеѓу Охрид и Целје, а „Охридска тврдина“ сега доби и видео зад кое стои познатата продукција „Дигитал Бокс“.