Данскиот ракометен ас Матијас Гидсел откри дека во драматичниот дуел против Веспрем го извел првиот седмерец во својата професионална кариера, а тоа беше во еден од најважните моменти.
Фуксе Берлин славеше против Веспрем со 31-30, па мечот се решаваше во пенал-рулет, во која победничкиот гол го даде Гидсел.
„Никогаш претходно во кариерата немав изведено седмерец, така што ова беше мојот прв и навистина многу важен. Овие два натпревари беа фантастични за ракометот. Веспрем е извонреден тим кој заслужува да биде во Келн“, изјави Гидсел.
Тој не го криеше задоволството по големиот успех, но истакна дека е горд и на спектаклот што го приредија двата тима.
„Секако дека сум горд што се пласиравме понатаму, но исто така сум горд што бев дел од вакви натпревари“, додаде данската суперѕвезда.
Во Келн покрај Фуксе Берлин, се пласираа Барселона и Алборг, а се очекува да им се приклучи и Магдебург.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























