Хрватскиот ветеран на голот на францускиот Нант, Иван Пешиќ, ќе го продолжи да го брани голот на овој клуб и во наредната сезона. Оттаму заминува шпанскиот чувар на мрежата Игнасио Биоска.
Словенечкиот првак Слован Љубљана за наредните две сезони го договори белорускиот репрезентативец на левата бековска позиција – Кирил Самоило, кој не се изнаигра во Висла Плоцк поради силната конкуренција.
Десниот бек на исландската репрезентација, Тејтур Ејнарсон, ќе продолжи да ги брани боите на бундеслигашот Гумерсбах и наредната сезона. Тој дојде минатото лето од составот на Фленсбург.
Словенечкиот среден бек Митја Јанц, потпиша договор на долг рок со Висла Плоцк и ќе остане во овој клуб најмалку до 2030 година. Од 2024 година Јанц од Целје се пресели во полскиот првак и остави одличен впечаток.