Матијас Гидсел со нов рекорд во ЛШ

Бекот на Берлин Матијас Гидсел е нов рекордер во лигата нa шампионите постигнувајќи вкупно 144 гола на 20 натпревари досега. Му остануваат уште два меча сеознава, оние на Ф4 во Келн и може уште повеќе да ја качи летвичката, и да го подобри овој рекорд.

На последниот меч против Веспрем, Гидсел постигна 11 гола, поставувајќи нов рекорд во ЛШ, и надминувајќи го сонародникот Микел Хансен кој во сезоната 2015/2016 даде 141 гол.

И лани Гидсел беше најдобаr стрелец, но со 135 гола.

Сезонава на три натпревари Гидсел постигна по 13 гола, со Веспрем, Спортинг и Келце.