По седум кола кај дамите: Ѓорче Петров се одлепи на врвот – нема загубено ниту бод!

Актуелниот бранител на титулата во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров, го задржа епитетот најдобра женска екипа во Македонија, откако во дербито од 7. коло полесно од очекуваното го совлада Чаир со 45:29.

Ѓорчепетровки остануваат непоразени по седум одиграни кола, го водат орото кај дамите и се на добар пат да ја одбранат титулата. Моментално, најголем конкурент на Ѓорче Петров за првата позиција е вицепрвакот Куманово, кој во дербито против Вардар победи со речиси една постава.

Куманово против „црвено-црните“ освои три важни бода, триумфираше со 25:24 и си ги задржа шансите за првото место. Сепак ниту Вардар, како и Чаир, кој по поразот од „лавиците“ ќе треба да се консолидира и на терен да ги оправда големите вложувања, не треба да се отпишат.

Во игра за повисок пласман, односно за второ место е новакот во Женската лига, Металург Автокоманда. Тимот предводен од Јулијана Дамчевска на седум одиграни натпревари оствари пет победи и со 15 бода се наоѓа на 5. позиција, но има само бод помалку во однос на Вардар и Чаир.

За солиден пласман на табелата, според прикажаното на терен, би се бореле Стружанка и Пелистер, додека останатите клубови од 8 до 14 место располагаат со сличен квалитет, имаат исти амбиции, па така се очекува голема борба за избегнување на последните места.

Женска лига, 7. коло, резултати:

Металург Автокоманда – Гевгелија 43:9 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Чаир 45:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Овче Поле СУ 26:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Куманово 24:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Шампион 39:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Скопје 24:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Астибо 37:18 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР24191458
5КУМАНОВО24180654
6СТРУЖАНКА251211237
7ДЕСПИНА241011331
8ПЕЛИСТЕР 2012241011331
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.24441616
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243