Екипата на Партизан Гевгелија на свој терен успеа да го совлада Овче Поле со 26:23 (14:14) во натпревар од 13. коло од плеј-аут фазата во Првата лига.
За тимот на Гевгелија ова беше седми триумф во вториот дел од сезоната, додека тимот од Свети Николе го доживеа вториот пораз во плеј-аутот.
Речиси целиот натпревар мина во израмнета борба, во која домаќините со поголемата пофокусираност во финишот дојдоа до посакуваната цел.
Најефикасен во победничката екипа беше Горан Лисичков со седум погодоци, по пет постигнаа Иван Велев, Васил Зајков и Никола Анакиевски.
Во поразениот табор стрелците ги предводеше Стојанче Ристов, кој имаше пет реализации.