Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат настапите на двете на машката и женската кадетска репрезентација на СП во училишен ракомет.
Кадетките играат во четвртфиналето против селекцијата на Бразил од 10:30 часот во салата на „Македонски херои“, а досега забележаа три победи.
Кадетите го играат последниот натпревар од групната фаза против Саудиска Арабија од 12:30 часот, а бод ќе им биде доволен за полуфинале.
На домашна сцена се играат два меча од прволигашката конкуренција кај дамите и кај момците.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 МАКЕДОНИЈА – БРАЗИЛ (СП УЧИЛИШЕН РАКОМЕТ)
12:30 МАКЕДОНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА (СП УЧИЛИШЕН РАКОМЕТ)
13:30 СТРУЖАНКА – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.


























