Поради судиски неправди – прволигаш најави откажување од лигата!

На три кола пред крај на првенството, екипата на Младост од Богданци можно е да се откаже од играњето, иако се втори на табелата и повеќе од сигурно ќе изборат најмалку играње во баражот за влегување во Супер лигата. Откако на последното гостување во Скопје, одигра нерешено, 27-27 со Драчево, тимот од Богданци има само еден бод повеќе од „вториот тим“ од Автокоманда кој има и меч плус за играње.

По завршувањето на средбата во Скопје, клубот од Богданци се огласи преку социјалните мрежи и најави преиспитување на одлуката околу продолжувањето на натпреварувањето во Првата лига.

Ако се откажат од играњето ќе ги загубат шансите преку бараж, во најлош случај да се борат за враќање во Супер лигата, бидејќи ќе играат со Струга.

„Иако во целиот натпревар нашиот тим ја имаше контролата на натпреварот по неколку сомнителни судиски одлуки во текот на мечот особено во последните 15 секунди кога домаќините ја изгубија топката и од страна на судиската двојка беше досуден непостоечки прекршок за домаќините и со тоа беше спречена чиста наша контра за гол и победа, се вели во објавата на Фејсбук страната на клубот.

Освен што очекуваат РФМ да се „позанимава“ со овој меч, од Богданци најавуваат неделава и одлука дали ќе продолжат да играат.

„РК Младост 1977 сите овие години работи чесно градејќи го тимот со многу вложување и многу работа освен во сениорите и во младите категории во Југоистокот и нема да дозволи во ниту еден случај да биде дел од оваа денешна голема неправда. Се надеваме дека РФМ ќе проработи на оваа денешна неправда, а РК Младост 1977 во текот на следна недела ќе донесе и официјална одлука дали воопшто ќе го продолжи првенството понатаму“, се вели во објавата.

Последната минута од мечот Драчево јуниор и Младост, за кој гостите сметаат дека имало „проблематична“ одлука на судиите.

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.