Македонските кадети во битки за медал на СП – лесен триумф против Саудиска Арабија

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше против Саудиска Арабија со 23-11 во последниот натпревар од групната фаза на СП во училишен ракомет.

Тоа значеше пласман во полуфиналето на Мундијалот во кое утре избраниците на Горан Кузманоски ќе се борат против Србија, која го освои првото место во групата Ц.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога Македонија водеше со пет голови, 10-5.

Второто полувреме беше само рутински одработено, па тренерот Кузманоски им даде шанса на сите расположиви сили.

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.