Охрид со бод си замина од Кавадарци

Екипите на Тиквеш и Охрид одиграа нерешено во Кавадарци, 26:26, во натпревар од 15. коло од Супер лигата. Иако Тиквеш во финишот имаше плус два, сепак, ремито е најреален исход, а за тимот на Грчевски ова беше важен бод во борбата за пласман во плеј-оф фазата.

Првиот дел мина во игра гол за гол, двете екипи наизменично се менуваа во водство, а по дваесетина минути игра на семафорот имаше две „десетки“. По нерешените 10:10,  гостите од Охрид ги казнија сите грешки на ривалот и во 25 минута дојдоа до плус три гола разлика, 13:10. Токму во последните пет минути од првото полувреме Охрид успеа да биде подобриот ривал на теренот.

Кризата во домашниот табор ја прекина кружниот напаѓач Никола Летиќ, кој намали на 13:11, но до крајот на полувремето „гладијаторите“ умешно ја сочуваа предноста. Разигран во првите 30 минути во гостинскиот табор беше Јукиќ, додека на спротивната страна Летиќ и Кривокапиќ делуваа најрасположени. Охриѓани на пауза заминаа со резултатска предност од 15:13.

Тиквеш на стартот на второто полувреме им се закани на гостите, намали на 16:15, па така Охрид мораше да заигра поангажирано. Домаќините откако во неколку наврати не успеаја да го израмнат резултатот, искусниот Кривокаѓиќ со гол од пенал конечно израмни на 16:16.

Составот на Грчевски ја зацврсти одбраната и во 37-та минута го презеде водството, по 17:17 дојде до 18:17. Следуваше период во кој се играше гол за гол, потоа Тиквеш во два моменти имаше плус два (24:22, 25:23, 26:24), но Охрид со два гола во низа дојде до 26:26. Во последната минута двете екипи не реализираа, па така големата борба заврши без победник.

Најефикасен кај домаќините беше Аби Обина со седум гола, пет додаде Игор Кривокапиќ, на четири застана Никола Летиќ. Кај Охрид се истакна Гал Цирар со десет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186