Норвешка и Франција може да прават планови за СП, Грција и Полска со значајни победи

Селекциите на Норвешка и Франција се практично веќе пласирани на Мундијалот во Германија наредната година, откако остварија високи победи над ривалите.

Норвешка победи против Турција со 43-30, додека Французите под водство на новиот селектор Талант Душебаев на неговиот прв официјален меч победија кај Чешка со 37-26.

Најинтересно беше на пресметката меѓу Австрија и Полска, што ја добија момците на Хора Гозналес со 27-26, иако имаа предност во текот на мечот и со четири гола. Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски, даде еден гол, а пивотот на Вардар, Виктор Јанковски не се запиша во листата на стрелци.

Грција патува со плус два кај „лалињата“, откако славеше со 29-27, предводени од членот на Охрид, Николаос Лиапис кој стрелаше четири пати.

Швајцарија иако можеби очекуваше повисока победа, на крајот момците на Енди Шмид славеа со 32-29, иако имаа негатива на паузата од 17-16.