View this post on Instagram
🎥 Момците на Лазаров тренираа во Прешов – во мислите е пласман на СП
Машката репрезентација го одработи тренингот во „Татран Арена“ во Прешов, каде што ќе се одигра натпреварот против Словачка од третиот бараж за Мундијалот во Германија наредната година. Утре од 19 часот е првата пресметка, а реваншот ќе се игра во Скопје на 17 мај од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.








