Арбитри од Украина, Литванија и Полска за Македонија во баражот за СП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третиот бараж за СП 2027 година.

Машката репрезентација на Македонија ќе игра против Словачка, а ЕХФ делегираше арбитри од Украина, Литванија и Полска за овие средби.

Првиот натпревар ќе се игра во „Татран Арена“ во Прешов од 19:00 часот на 14 мај, а ќе го судат Украинецот Анатолиј Новиков и Литванецот Миндаугас Гателис, додека делегат е Чехот Петр Новак.

Реваншот ќе се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 17 мај од 19:00 часот, а арбитражата им е доверена на Полјаците Бартош Лечински и Марцин Пиечота, додека делегат е Бугаринот Михаил Башев.