Специјализираниот медиум за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk, и оваа сезона ќе ги избере и прогласи најдобрите ракометарки, тренер, дефанзивец и млада ракометарка во Супер лигата.
Специјализираниот медиум за ракомет во Македонија www.24rakomet.mk по четврти пат го организира изборот за најдобрите во женска конкуренција – ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026.
На свечена манифестација на крајот на месец мај ќе бидат доделени признанијата за најдобрите седум играчи по позиции, како и за најдобар тренер, најдобар дефанзивец и најдобар млад играч.
Како специјализиран спортски медиум посветен на ракометот, www.24rakomet.mk ќе им даде признание на оние што се истакнаа со својата игра, квалитет, континуитет и резултати во сезоната 2025/2026.
Во изборот за ALL STAR тимот на сезоната ќе учествуваат:
* публиката преку онлајн гласањето што го организира 24Ракомет,
* редакцијата на 24Ракомет.
Збирот од бодовите на публиката и редакцијата на 24Ракомет ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Во секоја од вкупно 10 категории ќе има по три номинирани кандидатки. Кандидатката што ќе добие најмногу гласови од публиката ќе освои 3 бода, второпласиранaта ќе добие 2 бода, а третопласираната 1 бод.
Истиот принцип ќе важи и при гласањето на редакцијата на 24Ракомет. Ракометарките и тренерот што ќе соберат најмногу бодови во својата категорија ќе бидат прогласени за дел од ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможува и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот. Вашиот глас може да биде решавачки во трката за најдобрите во македонскиот ракомет.
Гласајте за најдобрите, поддржете ги вашите фаворити и бидете дел од изборот на ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ НА 23 МАЈ 2026 ГОДИНА.
























