Вардар го задржа капитенот – ќе ја одигра последната сезона во кариерата!

Десното крило Гоце Георгиевски потпиша нов договор на една сезона со македонскиот шампион Вардар.

Тој ќе ги брани боите на „црвено-црните“ и наредната 2026/2027 година, а тоа ќе биде последната сезона во неговата богата кариера.

„Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар! Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија. Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик. РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб! Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната!“, напишаа од Вардар.

Десното крило е дете на Металург, играше за францускиот Тулуз и романскиот ЧСМ Букурешт пред да дојде во „црвено-црниот“ тим.