Охрид од „минус пет“ до триумф против Еурофарм Пелистер 2

Охрид беше на работ да загуби бодови на домашен терен против „аутсјадерот“ Еурофарм Пелистер, но „гладијаторите“ направија пресврт во второто полувреме и во последните десет минути од мечот имаа и пристојна предност со која стигнаа до триумф од 24-22 (10-12). Немаше да биде незаслужено доколку Еурофарм Пелистер 2 освои бодови, па и да победи, зашто покажаа мотив, желба и игра со која секој противник ќе има проблем да ја реши.

Охрид имаше негатива во првото полуврем, а штом почна вториот дел во 33 минута првпат израмнија, 12-12. Потоа се играше „гол за гол“ каде гостите пак имаа предност, се до 49 минута Охрид поведе со 19-18, а потоа Деан Шешиќ првпат му донес еводство на Охрид од „плус 2“ за 20-18. Тогаш тренерот на битолскиот тим, Михаил Петревски го побара вториот тајмауат на средбата, со надеж дека во последните десет минути од мечот ќе може да се вратат на старата форма особено од првото полувреме.

Голманот Бобан Ристевски токму кога се правеше резултатскиот пресврт му помогна на својот тим да излезе од негативата и да има и предност. Со него одбраната на Охрид изгледаше посигурно, одбрани клучен пенал во 47 минута, а потоа и уште еден удар.

На пет минути до крај на средбата Шеиќ му донесе водство на Охрид од 22-19 со кое изгледаше дека отпорто на гостинските ракометари е „скршен“. Немаа сила да возвратат, а искусните домаќини ги користеа нивните грешки.

Тренерот на охриѓани, Стефче Алушовски ќе има што да им каже на своите играчи следнава недела откако во првото полувреме од мечот беа целосно надиграни од помладите играчи на Еурофарм Пелистер 2. Фаворит беше домаќинот, но гостите играа лесно, технички добро и пред се прецизно.

Двата гола предност за пелистерци од полувремето е резултат на одличната игра во одбрана каде целосно ги затворија сите приоди кон сопствениот гол, а потоа лесно реализираа. Петпати гостите играа со играч помалку поради исклучување од 2 минути, наспроти двете исклучувања на Охрид. Но, и тогаш „младите битолчани“ знаеја да ја задржат топката и да играа „до гол“.

Од самиот почеток Еурофарм Пелистер 2 имаше водство, а можеа да имаат и предност од „плус 6“ бидејќи при резултат 11-5 гостите имаа и напад што не го искористија. Во последните минути од првото полуврем Охрид „врза“ неколку гола во серија, и ги имаа последните секунди за напад, но направија техничка грешка, па на одмор се замина со предност од 12-10 за Еурофарм Пелистер.

Кај домашниот им Темураз Орјоникидзе даде 7 гола, а по три постигнаа Рудолф Сафранко и Дејан Шешиќ. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Мирче Кајлаџиоски со седум гола, а по четири дадоа Христијан Митревски и Стефан Трпчевски.

Табела Група А

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613