Од 18 до 22 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, а годинава ќе играат осум екипи од кои две македонски.
Домашниот тим ќе го брани трофејот, а од македонските екипи ќе игра шампионот Вардар, како и шесте екипи од странство – Тримо Требње, Нексе Нашице, Загреб, Олимпијакос, Војводина и младинската селекција на Египет.
Судии на натпреварите ќе бидат Силвана Карбеска и Марија Илиева, Методија и Михајло Илиевски, Исмаил Металари и Ненад Николовски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, Виктор Начевски и Даниело Божиновски.
Делегати на 16 меча кои ќе се играат од 18 до 22 август ќе бидат Славчо Ристески, Славчо Каланоски, Ацо Николовски, Марјан Начевски, Бобан Мајнов, Игор Огненов и Александар Стефановски.
Бранител на трофејот е домаќинот Охрид.

























