Куманово запиша триумф против Младост Богданци

Ракометарите на Куманово продолжуваат со одлични настапи во подготвителниот период, откако ја забележаа и втората победа во контролните натпревари.

По триумфот над Еурофарм Пелистер 2, Куманово славеше и против новиот член на елитата, Младост Богданци со 30-24.

Контролните натпревари се одлична можност за стручниот штаб, на чело со Саша Радосављевиќ, да ги испроба сите тактичките замисли, да ги провери различните варијанти во играта и да ги воигра новите ракометари во тимот во пресрет на новата сезона.

Двете победи во досегашниот дел од подготовките се добра најава за новата сезона, но и потврда дека тимот полека ја темпира формата.