Од Охрид се врати дома – Берин Бркиќ ќе брани за Слобода Тузла

Босанскиот клуб Слобода Тузла се пофали со потписот на талентираниот чувар на мрежата, Берин Бркиќ.

Бркиќ минатото лето дојде во тимот на Охрид, но не успеа да се наметне во конкуренција на Даниел Ѓорѓески и Бобан Ристевски.

Ова лето во Охрид доаѓа и Градимир Чаневски, па Бркиќ се реши да се врати во татковината.

Тој потекнува од составот на Маглај, а потоа беше дел и од Борац Бања Лука, каде бранеше три сезони. Бркиќ е дел од младинската селекција на БиХ.