Македонскиот репрезентативен голман Ѓорѓи Николовски беше избран за МВП по натпреварот со Украина.
Николовски забележа 13 интервенции, со одличен процент на успешност, повеќе од 40% и заслужен беше прогласен за најкорисен играч во македонскиот тим.
Кадетите ја запишаа првата победа на Европското првенство во Црна Гора, откако славеа над Украина со 26-21.
Со тоа е направен првиот чекор кон опстанок и пласман на младинското ЕП 2026 година.
Утре следува меч со Грција, па ден одмор, пред можеби решавачката битка за првата позиција во групата Л против Италија.