Македонскиот „самурај“ Косуке Јасухира по една сезона пауза ќе се врати во Македонија идното лето и ќе го облече дресот на Охрид.
Јапонскиот среден бек има активен договор со Бурган од Кувајт до 2027, ќе го одработи до крај, па идното лето ќе се врати назад во Македонија.
„Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во клубот со кој го освоив првиот европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули“, изјави Јасухира.
Според новиот договор, Јасухира, кој беше меѓу најзаслужните за трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, ќе остане во тимот покрај езерото најмалку до 2029 година.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
Охриѓани аплицираа за вајлд-карта за Лигата на Европа, но допрва од ЕХФ треба да добијат одговор дали ќе бидат дел од второто по ранг европско клупско натпреварување или пак ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп.
Досега Охрид донесе седум засилувања за наредната сезона – бековите Доминик Мате, Мартин Ивановски, Мартин Карапалевски и Никола Зечевиќ, пивотот Шуичи Јошида, голманот Дино Славиќ, како и крилото Адама Кеита.
























