Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона во која влегува со амбициите за најмалку истиот резултат од минатата сезона кога заврши веднаш зад големата четворка.
Левиот бек Теодор Тодески потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во клубот најмалку до 2028 година. Toј е еден од клучните ракометари во дефанзивата на Бутел Скопје.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Десното крило Бојан Спасовски исто така го продолжи договорот, како и кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ.
Клубот се раздели со браќата Узунчеви, голманите Стојаноски и Трајкоски, како и Киселовски, Шилегов, Ѓурмешевиќ и Новаковски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























