Јасухира се враќа назад во Охрид – ама идното лето!

Миленикот на охридската публика, Косуке Јасухира, ќе се врати во Охрид, но идното лето и се обврза на договор на две сезони.

Јапонскиот среден бек има активен договор со Бурган од Кувајт до 2027, па иако раководството на „гладијаторите“ стори се за да тој да продолжи во Охрид уште од ова лето, сепак Јасухира ќе го одработи договорот, па идното лето ќе се врати назад во Македонија.

Според новиот договор, Јасухира, кој беше меѓу најзаслужните за трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, ќе остане во тимот покрај езерото најмалку до 2029 година.

Охриѓани аплицираа за вајлд-карта за Лигата на Европа, но допрва од ЕХФ треба да добијат одговор дали ќе бидат дел од второто по ранг европско клупско натпреварување или пак ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп.

Досега Охрид донесе седум засилувања за наредната сезона – бековите Доминик Мате, Мартин Ивановски, Мартин Карапалевски и Никола Зечевиќ, пивотот Шуичи Јошида, голманот Дино Славиќ, како и крилото Адама Кеита.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________